Екипата на Челси направи уште еден чекор кон титулата во Премиер лигата, откако во последниот меч од 36-та рунда со 3-0 го совлада составот на Мидлзброу.
Фудбалерите на Мидлзброу после поразот од „сините“ на Стемфорд Бриџ дефинитивно се селат ранг подолу, односно во Чемпионшип дивизијата. Победата на домаќините ја најави Диего Коста, а ја потврдија Маркос Алонсо и Немања Матиќ.
До крајот на шампионатот во Премиер лигата Челси и Тотенхем имаат уште три мечеви за играње, а „сините“ имаат седум бодови предност.
OhridNews