Фудбалерите на Челси прокнижија нови три бодови на табелата совладувајќи го Њукалс со убедливи 5-1 на Стемфорд Бриџ во 26-та рунда од Премиер лигата.
„Сините“ од 5-та до 17-та минута од мечот одиграа фуриозно постигнувајќи три погодоци. Диего Коста ја отворија серијата, Педро Родригез продолжи, а ја комплетираше Вилијан.
Печат на победата по пауза од два натпревари ставија Шпанецот, Педро со вториот погодок на мечот и Бертранд Траоре со дебитанскиот гол во дресот на Челси во вториот дел. Во финишот од мечот повремениот англиски репрезентативец Алекс Таунзенд постигна почесен погодок за гостите од Сент Џејмс Парк.
Резултати: Сандерленд – Мен Ју 2-1, Бурнмаут – Стоук 1-3, Кристал Палас – Ватфорд 1-2, Евертон – ВБА 0-1, Норвич – Вест Хем 2-2, Свонси – Саутемптон 0-1, Челси – Њукасл 5-1.
OhridNews











