Екипата на Челси го совлада тимот на Тотенхем со 2-1 во градската пресметка и го зачува првото место во Премиер лигата.


До трите бодови на Стемфорд Бриџ, „сините“ стигнаа со пресврт, откако имаа негатива 1-0. Данецот, Кристијан Ериксен погоди за гостите во 11-та минута, а домаќините пред истекот на првиот дел преку Педро изедначија.

По седум минути игра во второто полувреме Виктор Мозес погоди за водство 2-1 кое пулените на италијанскиот стручњак го задржаа до крајот на мечот.


Резултати: Барнли – Мен Сити 1-2, Хул – ВБА 1-1, Лестер – Мидлзброу 2-2, Ливерпул – Сандерленд 2-0, Свонси – Кристал Палас 5-4, Челси – Тотенхем 2-1.

Табела: Челси 31, Ливерпул 30, Мен Сити 30, Арсенал 25 (-1)…

OhridNews