Лидерот во Премиер лигата, Челси ја врати двоцифрената предност на табелата совладувајќи го Вест Хем во градската пресметка со 2-1 во 27-та рунда од англискиот шампионат.


„Сините“ до 21-та победа сезонава стигнаа со по еден гол во двете полувремиња. Еден Азард погоди во првиот дел, додека во второто полувреме прецизен беше Диего Коста. Поразот на домашните го ублажи Мануел Ланцини со гол во судиското продолжение.

После триумфот над „чеканите“, Челси има десет бодови предност од Тотенхем, единаесет во однос на Манчестер Сити, кој пак има меч помалку.

OhridNews