Фудбалскиот клуб од Стемфорд Бриџ го официјализираше договорот за соработка на три години со италијанскиот стручњак Антонио Конте од следната сезона. 


Селекторот на Италија на клупата од Челси ќе седне по завршувањето на Европското првенство кое летово ќе се одржи во Франција. 

Конте на менаџерската клупа ќе го наследи Хус Хидинг кој го замени Жозе Мурињо на средината од оваа сезона. 

Италијанскиот стручњак тренерската кариера ја започна во Бари, а ги водеше уште Аталанта и Сиена пред да го преземе Јувентус. 

На клупата од „бјанконерите“, Конте освои три титулу во Серија А, една во Супер купот на Италија и еднаш се пласираше во финалето од националниот Куп. 

OhridNews