Лидерот на табелата во Премиер лигата, Челси пред своите гледачи со 2-0 го совлада составот на Њукасл.
Со триумфот избраниците на Жозе Мурињо му се одмаздија на Њукасл за поразот, кој го претрпеа на стадионот од „страчките“.
Стрелци на головите во десеттата победа на домашен терен беа Оскар и Диего Коста.
Резултати : Челси – Њукасл 2-0, Сандерленд – Ливерпул 0-1, Евертон – Мен Сити 1-1, Лестер – Астон Вила 1-0, Свонси – Вест Хем 1-1, ВБА – Хул 1-0, Кристал Палас – Тотенхем.
Табела : Челси 49, Мен Сити 47, Мен Ју 37 (-1), Саутемтон 36 (-1), Тотенхем 34…
Мх.П.