Избраниците на португалскиот стратег Жозе Мурињо го запоседнаа врвот во Премиер лигата по гостинскиот триумф 2-0 над Хул. На врвот „сините“ ќе останат најмалку до в недела кога останатите ривали од горниот дел на табелата ги играат своите натпревари.

Творци на победата за тимот на Челси беа Еден Хазард и Фернандо Торес кои головите ги постигнаа во вториот дел од мечот.

Резултати : Хул – Челси 0-2, Кардиф – Вест Хем, Евертон – Норвич, Фулам – Сандерленд, С`тон – ВБА, Тотенхем – Кристал Палас.

Мх.П.