Екипата на Челси прокнижи нови три бодови на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Саутемптон на домашен терен со 4-2.


„Сините“ триумфот над „светците“ се вратија на победите во најсилната англиска лига, откако во дербито со „црвените ѓаволи“ пред десеттина дена претрпеа пораз.

Еден Хазард во 5-та минута го отвори резултатот, после 24 минути игра гостите израмнија со голот на Ромелу. Пред крајот на првиот дел Тим Кехјил ја врати предноста за домаќините. Победата во вториот дел ја завери Диего Коста кој мрежата ја погоди во 53-та и 89-та минута, a конечниот резултат го постави Роермонд во судиското продолжение.

 
Челси се одлепи седум бодови од второпласираниот Тотенхем кој пак има меч помалку. До крајот на сезоната преостануваат уште седум натпревари.

OhridNews