Лондонските сини запишаа нови три бодови на табелата во Премиер лигата после победата над Њукасл (3-1) на Стемфорд Бриџ во 15-та рунда од шампионатот.
Фудбалерите на Челси го остварија планот, иако натпреварот не почна баш најдобро за нив, откако гостите го отворија резултатот. Негативата до крајот на првиот дел беше преточена во позитива, а победата беше заверена со уште еден гол во второто полувреме.
Челси со трите бодови се изедначи со Манчестер Јунајтед на табелата, кој мечот од 15-та рунда ќе го одигра на Емирати против Арсенал.
OhridNews