Екипата на Челси го дотолчи последнопласираниот тим на табелата, Астон Вила победувајќи го (4-0) на „Вила Парк“ стадионот во првиот меч од 32-та рунда во Премиер лигата.


„Сините“ голтетерски беа расположени во премиерниот натпревар од новото коло и четири пати ја погодуваа мрежата на Фред Гузан.

Резултатот во првиот дел го отвори Лофтус Чек, а во истото полувреме деби погодок во дресот на Челси постигна Александре Пато откако прецизен беше од белата точка.


Со два погодоци во второто полувреме шпанскиот репрезентативец Педро Родригез ја запечати победата која ги враќа „сините“ во игра за местата на табелата кои водат во Лигата на Европа.

OhridNews