Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, синоќа и рано изутринава со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици регистрираа серија од дваесетина земјотреси.

Епицентрите потекнуваат од преспанско – битолскиот регион, а најсилниот од нив се случи синоќа, во 22:49 часот со епицентар на околу 20 километри западно од Битола.

Истиот е почувствуван во епицентралното подрачје со интензитет од 5 до 6 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998, во поширокиот преспанско-битолскио регион со интензитет од 4 до 5 степени според истата скала, а во останатите места на југозападниот дел од Републиката – со послаби интензитети.

Земјотреси со послаб интензитет беа измерени и во 22:29 часот на 19.01.2013 година и во 02:08 и 03:16 часот на 20.01.2013 година, со епицентри од истиот регион. Нивниот интензитет беше меѓу 3 и 4 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.

OhridNews
Курир