Како и секоја година традиционално и оваа 2016 во маалото во Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј”се разгоре василичарскиот оган. Се играа традиционални ора, проследени со музика во живо.

Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси и скара на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино, а се печеа и компири во фолија. Точно на полноќ, минатогодишните кумови Снеже и Чедо Змејкоски на околу 50 тина луѓе им поделија банички со сирење.

Среќата што ќе ги следи преку цела година им се насмевна на Драги и Виолета Стаматоски, кои ја пронајдоја паричката во својата баничка.

OhridNews
Фото:Антонио Стаматоски