По дочекот на новата година на градскиот плоштад со Даниел Кајмакоски, добрата забава и убаво празнично расположение продолжи и вчеравечер. Под водителска палка на Жанко ЗШ Голабоски, вечерта ја отвори одличниот Петар Маркоски, по што следуваше настапот на Бени и Нон Стоп кои се покажаа во одлично светло пред охриѓани и гостите. Забавата продолжи со посебно подговен празничен сет на Дј Јане.

Сите настани се дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, кој заедно со понудата на хотелиерите и убавото време деновиве направија Охрид да биде исполнет скоро до последното место.

Забавата продолжува вечерва со сет на познатиот Дџ Славе Келешоски, по што следува концерт на Балкан џем како најава за настапот на одличните Суперхикс кој ќе започне во 21:00 часот.

OhridNews