Шпанската актерка Пенелопе Круз открила дека улогата на мајка комплетно и го променила животот. Актерката и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем го добиле синот Лео во јануари оваа година.
Таа открила дека е бремена набрзо откако требало да почне со снимањето на четвртото продолжение од филмот „Пиратите од Карибите“. Веднаш му јавила на режисерот дека некои работи на снимањето мораат да се променат. Повеќе не била подготвена за снимање опасни сцени, но режисерот имал разбирање и таа била доста заштитена на снимањето.