Синот на Елтон Џон и Дејвид Фурниш живее како крал во Лос Анџелес. Малиот Захари е сместен во апартман вреден околу 2 милиони долари. Брачниот пар договорил соработка со еден од најпознатите холивудски дизајнери за да го уредат апартманот на момчето како луксузна детска градинка. За момчето се грижат неколку дадилки.


Пријатели блиски на парот потврдиле дека Елтон и Дејвид долго сакале дете. Токму поради тоа покрај својот стан кој го купиле 2007 година, одлучиле да купат уште еден помал кој денес е наменет за Захари. Сега Елтон и Дејвид живеат во својот стан, а Захари во апартманот со дадилките.