Камерон Даглас, синот на славниот актер Мајкл Даглас, после две години е пуштен од самица, јавуваат медиумите. На тоа влијаел емотивниот говор на неговиот татко на доделувањето на наградите Еми пред шест месеци. Од полицијата потврдиле дека емотивниот говор на Мајкл бил заслужен за преместувањето на неговиот син од самица во обична ќелија.

Даглас во својот говор рекол дека на почетокот бил разчаран од својот син, но со тек на време се разочарал од системот. Според него доколку погрешите ве казнуваат, а поради тоа неговиот син две години минал во самица. Камерон во самица минал две години поради дрогирање дури и во затворот и поради разоткривање на други затвореници.