Синоќа во Трпејца на свечен начин беше отворено 14. издание на културно – забавната манифестација „На зајдисонце“.

Погледнете околу себе – секој камен, секое дрво, секој бран на езерото раскажуваат приказна. А вечерва, додека сонцето почнува нежно да се спушта кон хоризонтот, ќе бидеме сведоци на магичен спектакл што само природата може да го создаде. Оваа манифестација не е само прослава на зајдисонцето како природен феномен, туку и симбол на нашата благодарност кон животот, кон убавината што не опкружува и кон заедницата што не спојува. „На зајдисонце во Трпејца“ полека но сигурно прераснува во прекрасна традиција, која не потсетува на вредноста на убавината, мирот и заедништвото, рече Настоска – Николоска.
Следеше видео изложбата на фотографии од бројните членови на Фото клубот „Охрид“ насловена „Убавина на дофат“. Пред публиката за повеќе деценискиот ангажман на генерации фотографи говореа актуелниот претседател на клубот Димче Коруноски и уште неколку присутни членови.
Вечерта беше заокружена со музичкиот перформанс на познатиот саксафонист Горан Папаз кој добро „легна“ на медитеранскиот штимунг и дух на Трпејца.

Утревечер во истиот термин гостува режисер и сценарист Антонио Вељаноски кој живее и твори на релацијата Охрид – Прага.

Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алице Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.
Филмот досега е прикажан и наградуван на неколку значајни фестивали ни светот.
OhridNews
					




							






