Под мотото „Сиромашните се луѓе, не статистика!“ и #ПовеќеОдБројка, во Македонија денеска ќе се одбележи Светскиот ден на борба против сиромаштијата.
111 737 лица биле корисници на социјална парична помош во 2016 година.22.2 % изнесува стапката на сиромашни лица во 2017 година. 2.3 % од врботените лица земале плата до 12000 денари во 2018 година. Овие бројки не се само статистика. Тие се животни судбини и во нив се наоѓаат нашите другари, соседи, пријатели, роднини. – велат од Македонската платформа против сиромаштија, која и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата.

OhridNews
					



							






