По засилените и континуирани контроли од државните ветеринарни органи, Млекарата „Лабрадор“ – Охрид денес го доби и третоит официјален резултат од анализите на сировината од која се произведуваат млечните и киселомлечните производи во оваа единствена млекара во Охридско – Струшкиот регион.
Од акредитираната лабораторија при Факултетот за ветеринарна медицина и со третата проба како и со претходните две, се потврдува дека суровото млеко од кое се произведуваат млечните производи на Млекарата „Лабрадор“ е исправно и одговара на условите пропишани во Правилникот за безбедност на храната на РМ.
-По вака добиените резултати Агенцијата за храна и ветеринарство и официјално потврди дека Охридската млекара се вбројува во редот на Млекарите чии производи се исправни и безбедни бидејќи не го содржат опасниот и канцероген афлатоксин М 1 над законски дозволениот процент.Ова е уште една потврда дека Охридскиот јогурт и кисело млеко како и сите останати производи од Охридската млекара „Лабрадор“ се природни, здрави и безбедни за конзумирање.-информираат од охридската млекара.