Француската полиција го уапси Џибрил Сисе поради обид за уценување со секс снимка на репрезентативецот на „триколорите“, Метју Валбуена.


Членот на Лион, Валбуена ја одбил понудата од Сисе за исплаќање на финансиски средства и случајот го пријавил во полиција.

Екс репрезентативецот на Франција по распитот ќе биде пуштен на слобода, а во текот на овој месец ќе започне судска постапка која ќе го привлече вниманието на светската јавност.

Ohridnews