Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и понатаму останува на мислење дека системот на субвенционирање на евтини авио летови треба да се измени.

Тој треба да биде развоен, а не како во изминатите 13 години да се крои по дестинации, туку по други елементи во туристичката индустрија. Многу години потрошивме трудејќи се да содздаеме стратегија којашто треба еднаш да измериме колку дала ефект, колку мерките што сме ги понудиле го дале ефектот и каде треба да се подобриме. – вели првиот човек на Агенцијата за развој на туризмот, Љупчо Јаневски.

Тој се сложува дека Охрид како туристичка дестинација има проблем со инфраструктурата, но и прашува зошто во последните десет години не се работело аеродоромот во Охрид да има поголем број летови?

Затоа во 2023 година само еден туроператор ќе има во сезоната 135 чартери за Охрид. Ќе имаме зголемување од сто проценти на странските туристи од одредени дестинации. Но, треба и да ја истражиме задоволноста на туристите и перцепцијата на дестинацијата. – додава Јаневски.

Охрид се уште нема дефиниран туристички производ, стратегија каков туризам да развива. Тоа е процес кој треба да трае десет до петнаесет години, но во меѓувреме треба да се работи, укажува Јаневски.

Никој не не спречува и во овој период да работиме, а кога ќе дојде самата Стратегија која заеднички треба да ја направиме со туристичкиот сектор, не ставајќи си сопки еден со друг, тогаш ќе успееме во туристичката индустрија, вели тој.

Според Јаневски, треба да се оформи туристичка полиција и да имаме туристичка инспекција која ќе овозможи сигурност и олеснување на сите кои работат категоризирано и според закон, со што ќе се охрабрат и инвеститорите кои сакаат да инвестираат во дестинацијата.

OhridNews