Сите гласачки места во општините Охрид, Струга и Дебрца се отворени во законски утврдениот рок.


Како што информираат од Општинската изборна комисија, гласањето за локалните избори 2013 во Охрид почна и се одвива непречено на 73-те избирачки места, каде своето избирачко право можат да го остварат 50.686 граѓани со право на глас. Тие избираат градоначалник помеѓу пет кандидати, а за членови на советиот се предложени 13 кандидатски листи.


Гласањето навреме започна и во општина Струга, каде во единствениот избирачки список се евидентирани 56.341 гласач.

-Сите 78 избирачки места се отворени навреме во 7 часот утрото. Гласањето до овој момент се одвива непречено и без никакви проблеми, изјави Џенгис Хани, претседател на ОИК Струга. Граѓаните на Струга градоначалник избираат помеѓу тројца кандидати, а членови на советот од 5 предложени листи.


И во општина Дебрца сите 28 избирачки места утрово се отворени во 7 часот, каде своето право на глас можат да го остварат 4.656 граѓани. За градоначалник на Дебрца конкурираат четворица кандидати, додека за состав на идниот општински совет предложени се три листи.

Г.М.