Навивачите на Реал Мадрид, а и дел фудбалерите бесот за високиот пораз од Барселона го истурија кон тренерот Рафа Бенитез. Но, педатните шпански фудбалски аналитичари подготвија видео на кое се гледа дека главен виновник за три од четирите погодоци е Лука Модриќ.
Хрватскиот репрезентативец не го испрати Серџи Роберто кој асистираше за првиот гол, ја изгуби топката при вториот, а за третиот го испушти од видикот својот играч.
Минатата и пред минатата сезона Модриќ играше главна ролја во сите успеси на „кралевите“, но со доаѓањето на Бенитез очигледно не му оди многу на „малиот виртуоз“.
Ohridnews











