Овој четврток, 9. мај во просториите на охридската гимназија, пет средношколци ќе ја изведат претставата „Сите мои синови“ од Артур Милер. Премиерата на претставата беше одржана на 26. април.
„Сите мои синови“ е едно од подобрите дела на Артур Милер. Тоа е семејна драма која го критикува системот што го поттикнува човекот за материјализам дури и по цена на животот.
Учениците кои играат во претставата се дел од драмската секција при ОСУ „Свети Климент Охридски“ и учествувале во претставите кои досега биле подготвувани од секцијата. Како што велат тие, овој пат одлучиле да подготват нешто самостојно, различно и сериозно.
-Одлуката учениците овој пат самоиницијативно да подготват трагедија беше всушност еден вид предизвик, да се стават на тест своите способности и талентот. -велат актерите аматери од охридската гимназија.