За прв пат во својата спортска историја градот на Билјана, градот под Самоиловата тврдина  денес ќе биде домаќин на меѓународениот атлетски митинг, прв од ваков карактер во Македонија.


Прмоторот на митингот неприкосновениот рекордер во дисциплината скок со стап, Сергеј Бубка  им порача на македонците да инвестираат во спортот бидејќи тоа е вистинскиот начин да се стигне до здрава и силна нација.

Со почеток во 17 часот атлетичарите ќе се натпреваруваат во 13 дисциплини. Мажите во трките на 100, 200, 400 и 800 метри, во трискок, фрлање копје и ѓуле, додека жените ќе трчаат на 100, 400, 800 и 1.500 м., ќе се натпреваруваат и во фрлање ѓуле и во трискок.

На митингот кој е во организација на атлетскиот клуб Охрид на новата патека ќе продефилираат околу стотина атлетичари од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Турција и Романија .

Звезда на настанот е Романецот Марјан Опреа кој е носител на сребрен медел од ОИ во Атина во дисциплината три скок со прескокнати 17.81м.

М.П.