Езерската дерби пресметка меѓу Охрид и Струга е на менито за спортските гурмани попладнево во првата рунда од националниот Куп.



Од два табори зрачи оптимизам и желба да се совлада лутиот ривал. Сезонава охриѓани немаат пораз на домашен терен, а во дуелот со стружани забележаа победа 30-21.


Мечот е пријавен за натпревар од висок ризик , а од Јавното претпријатие “Билјанини Извори“ напоменаа дека се подготвени да одговори на пропозииците кои налагаат за такви дуели.

Мечот започнува во 17 часот во СРЦ “Атина Бојаџи“.

М.П.