Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска во 18 ч во салата “Биланини извори“ во Охрид се среќава со Србија во клучниот натпоревар за освојување на првото место во претквалификациската група за пласман во баражот кој води на ЕП во Норвешка во 2008.


Марковски и Јовиќ на тренинг

Селекторот Темелковски е умерен оптимист. Србија ја дочекуваме во една поопуштена атмосфера со обезбеден бараж и се надевам дека пред полни трибини во Охрид ќе извојуваме победа која ќе ни донесе полесен противник во дополнителното разигрување за пласман на Европското првенство, вели Темелковски.  “Во натпреварот со Србија влегуваме смирено, ги гледавме касетите од настапите на нашиот противник, имаме визија, своја игра, знаеме што сакаме и во одбрана и во напад и ќе пробаме сето тоа да го искористиме и се разбира со победа да го освоиме првото место во оваа група“, рече Темелковски.

Нашиот најдобар играч, Кире Лазаров смета дека натпреварот е од исклучително значење бидејќи доколку го освоиме првото место влегуваме во попривилигирана група и добиваме полесен противник во баражот, а доколку сме втори би налетале на репрезентација што ќе учествува на претстојното Светско првенство во Германија“.

Билетите за средбата по цена од 100 денари веќе се пуштени во продажба и можат да се набават во ТА “Вис Пој“ и во спортските
обложувалници во градот.
        Кире Лазаров