Ракометна треска ја зафати Макдонија по успехот на машката репрезентација која обезбеди пласман во четвртфиналната фаза на Европското првенство што се игра во Србија.
Мечевите од втората рунда нашите ракометари ги започнуваат денеска против силната Данска во белградската Арена(18.15ч), каде ќе се играат сите натпревари до крај на шампионатот. И таму репрезентацијата ќе има голема помош од навивачите кои се очекува во голем број да отпатуваат за Белград. Интересот за натпреварот со Данска кај македонците е огромен, а дел од навивачката фаланга ќе бидат и охриѓани, кои македонските репрезентативци ги бодреа и во Ниш.
Специјално за натпреварите од Европското првенство Македонски железници воведе посебни возови на релација Скопје – Белград во деновите кога настапува нашата репрезентација. Возовите од железничката станица во Скопје ќе тргнуваат во
06.00 часот наутро денеска, во понеделник и во среда, а од Белград за Скопје ќе поаѓаат во 23.30 часот.











