Денеска ставена е во функција нова веб-страница со цел полесен пристап за граѓаните до сите информации во врска со коронавирусот во земјава koronavirus.gov.mk, информира на пресконференција министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче иостакна дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на пациенти со коронавирус во земјава, а вкупната бројка изнесува 384. Meѓу новозаразените е и доктор од психијатриската болница во Демир Хисар кој одел на работа и се движел меѓу луѓе.

Од почетокот на пандемијата кај нас се извршени 4117 тестови, соопшти министерот за здравство.

Според анализата имаме најголем број на тестови на 1 милион жители во однос на сите земји во регионот, само Словенија има повеќе од нас. – рече Филипче.

Во врска со тестовите на Систина, Филипче истакна дека тие го детектираат присуството на антитела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и се внесуваат во дневната статистика, додаде тој.

OhridNews