Стартот со отворена копачка на Џо Бенет над Лерој Сане во дуелот од ФА Купот помеѓу Кардиф и Манчестер Сити ја згрози светската фудбалска јавност.

Германскиот репрезентативец имаше среќе и не помина со некоја скршеница, туку само со истегнување на лигаментите и од терените ќе паузира до два месеци, а можеше да биде и пострашно.

Бурно на социјалните мрежи реагираа сите кои го гледаа во живо натпреварот, тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола и Германската фудбалска федерација.

Дефанзивецот на Кардиф се извини после мечот на социјалните мрежи, но попусто, откако сите го осудија за страотниот старт кој за среќа помина без посериозни последици.

OhridNews