Повлекувањето на Сер Алекс Фергусон од Манчестер Јунајтед ја разбранува фудбалска јавност, а посебно навивачите на “црвените ѓаволи“.


Поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед кои имаа можност да работат со најдобриот тренер во историјата на фудбалот веднаш се огласија преку своите профили на социјалните мрежи.

– Можеш да најдеш уште еден Кантона, Роналдо, Гигс, Сколс, но никогаш нема да можеш да најде човек и менаџер како Фергусон – Ерик Кантона.

– Тажно е да ги слушнеш тие вести за повлекување на ФЕргусон. Одличен менаџер, но уште поважно тој беше голем човек – Кристијано Роналдо.

– Имав таква привелегија да работам под палката на најдобриот менаџер на светот – Мајкл Овен.

Според англиските медиуми кога Фергусон им соопштил на играчите дека се повлекува од менаџерската функција некои веднаш заминеле со солзи на очите.

Мх.П.