На стартот на туристичката сезона градот реши да ја освежи хоризонталната сигнализација. Се бојадисуваат пешачките премини и другата сигнализација на охридските улици, но тоа се прави преку ден, во најголемиот сообраќаен  метеж.

Поради зафатот се создаваат колони, а нервозните возачи со вклучени сирени го изразуваат револтот од начинот на кој се врши бојадисувањето на хоризонталната сигнализација. Во светот, пракса е, вакви зафати да се вршат ноќе кога интензитетот на сообраќај е послаб, но кај нас и натаму се практикува тоа да се прави денски кога сообраќајот е најинтензивен, што создава проблеми и за изведувачот, но и за возачите.


Бојадисувањето на хоризонталната сигнализација го отежна сообраќајот

OhridNews