По повод празникот “Илинден”,  во организиција на Кајакарската федерација на Македонија, под покровителство на општина Струга, на Охридското Езеро ќе се одржи Илинденска кајак регата.


Оваа спортска манифестација е дел од проектот “Сите во кајак”, која е дел од стратегијата на КФМ и има за цел афирмација и омасовување на кајакарскиот спорт во Македонија.

Во карванот – проектот “Сите во кајак”, кој е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, се вклучени повеќе градови во нашата земја, меѓу кои и Велес и Прилеп.

На настанот кој ќе се одржи на 1 август кајакарите на мирна вода ќе ги покажат своите вештини на Охридското Езеро, на кајакарската регата, а кајакарите на диви води ќе одржат ревијална трка на истекот на реката Дрим, од Охридското Езеро.

Според најавите, се очекува да стартуваат околу педесетина натпреварувачи од сите клубов од нашата земја во сите категори – сениори, јуниори и кадети во машка конкуренција.

Ohridnews