Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели е нов фудбалер на Ливерпул. Балотели од Милан се пресели во Ливерпул каде потпиша договор на три сезони. Ливерпул за услугите на италијанецот плати 16 милиони фунти.
– Пресреќен сум што се враќам во Англија. Сакав да си заминам оттука, сакав да се вратам во Италија, но набрзо увидов дека сум згрешил. Го избрав Ливерпул бидејќи станува збор за извонреден клуб со фантастични фудбалери – изјави Балотели по потпишувањето на тригодишниот договор со „црвените“.
Стратегот на Ливерпул, Брендан Роџерс истакна дека е подготвен да се соочи со предизвикот наречен СуперМарио. –Во фудбалот некогаш е потребно да се ризикува, а многу често тие ризици знаат да вродат со плод – смета Роџерс.
Од таборот на Милан се задоволни по заминувањето на Балотели изјавуваќи дека неговото заминување ќе го подобри тимскиот дух во тимот. Балотели за Милан одигра 54 натпревари, а постигна 34 гола. Претходно играше и за Манчестер Сити и за Интер.
ohridnews