Манчестер Сити со победа против Сандерленд 4-1 во англискиот Лига куп ги залечи раните од поразот од Вест Хем во Премиер лигата.
Ударното трио Серхио Агуеро, Рахим Стерлинг и Кевин де Брујин беа стрелци по еден погодок, а четвртиот беше дело на голманот на Сандерленд, Вито Маноне кој си ја затресе сопствената мрежа.
Првата рунда од Лига купот помина без поголеми изненадувања и фаворитите лесно и сигурно обезбедија пласман во второто коло.
Резултати : Астон Вила – Бирмингем 1-0, Фулам – Стоук 0-1, Хул – Свонси 1-0, Лестер – Вест Хем 2-1, Мидлзброу – Вулверхемптон 3-0, Престон – Бурнмаут 2-3, Сандерленд – Мен Сити 1-4, Ридинг – Евертон 1-2.
Мх.П.











