Манчестер Сити освои само бод на гостувањето кај составот на Норвич ремизирајќи без голови (0-0) во 30-та рунда од Премиер лигата.
Ремито со „канаранците“ за „граѓаните“ во голема мера значи збогување со титулата во најсилната англиска лига.
Манчестер Сити пред почетокот на сезоната важеше за голем фаворит, но по 30-ет одиграни мечеви заостануваат девет бодови од лидерот Лестер кој, пак, игра во транс.
Пулените на Мануел Пелегрини упатија само два диретни удари кон противничкиот гол во текот на целиот натпревар, што доволно говори за инфериорноста на екипата.
Бодот пак е од големо значење за Норвич кој се изедначи со Свонси на сигурното 17-то место на табелата во Премиер лигата.
OhridNews