Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Вилфред Бони е нов фудбалер на англискиот шампиони Манчестер Сити.
„Граѓаните“ за неговото доаѓање на Етихад на Свонси му исплатија високи 28 милиони фунти.
Сезонава менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини мака мачи со повредите на напаѓачите и доведувањето на Бони беше очекуван потег.
Во досегашниот дел од сезоната во дресот на Свонси 26-годишнипт фудбалер постигна девет голови.
Исто така за одбележување е враќањето на Џермејн Дефо во Премиер лигата, кој потпиша договор со тимот на Сандерленд.
Откако го напушти Тотенхем поранешниот англиски репрезентативец настапуваше за екипата на Торонто.
Мх.П.