Екипата на Манчестер Сити на својата интернет страна го официјализираше трансферот на Николас Отаменди од тимот на Валенсија.
„Граѓаните“ за аргентинскиот репрезентативец на шпанскиот состав му исплатија 45 милиони кој пак потпиша пет годишен договор со англискиот премиерлигаш.
Дефанзивецот беше долго поврзуван со трансфер во црвениот дел од Манчестер, но сепак на крајот заврши во плавиот.
Отаменди е петто засилување за Манчестер Сити по ангажманот на Рахим Стерлинг, Енес Унал, Фабијан Делф и Патрик Робертс.
Ohridnews