Манчестер Сити сезонава води жестока битка со Челси за одбранување на тронот во Премиер лигата. „Граѓаните“ веќе имаат „пикирано“ засилување кое треба да им го олесни патот до титулата.


Се работи за фудбалерот на Свонси, Вилфред Бони, кој втора сезона е лидер во нападот на својот тим.

Минатата година постигна 17 погодоци, а во новата сезона 9, а понудата која „граѓаните“ ќе ја испратат за Бони изнесува 25 милиони фунти.

Покрај екипата од Етихад во трката може да се замеша и Реал Мадрид, но засега Манчестер Сити е во пол позиција за ангажманот на Бони.

Мх.П.