Манчестер Сити во четвртиот обид успеа да се договори со Ливерпул за трансфер на Рахим Стерлинг на „Етихад“.
„Граѓаните“ за неговите услуги на „црвените“ му исплатија 68,11 милиони евра што преставува трансфер рекорд во британскиот фудбал.
Англискиот репрезентативец потпиша петгодишен договор, а ќе заработува по 180 000 фунти неделно.
До сега рекордот во британскиот фудбал и Премиер лигата го чуваше Енди Керол кој од Њукасл во Ливерпул се пресели за 35 милиони фунти.
По него следуваат триесетмилионските трансфери на Рио Фердинанд и Лук Шо во Манчестер Јунајтед од Лидс односно Саутемптон.
Ohridnews