По официјализирањето на договорот меѓу Манчестер Сити и Пеп Гвардиола клубот од Етихад се впушти по реализирањето на желбите на шпанскиот стручњак. Гвардиола во своите редови за следната сезона ги посакува фудбалерот на Јувентус, Пол Погба и дефанзивецот на Евертон, Џон Стоунс.


За овие двајца фудбалери „граѓаните“ од прилика ќе треба да исплатата 130 милиони долари. 80 милиони ќе чини трансферот на Погба, а 50 милиони преселбата на дефанзивецот на Етихад.

Трансферот на Стоунс не би требало да преставува проблем додека за Погба ќе треба да се натпреваруваат со Челси и десеткратниот шампион на Европа, Реал Мадрид.

Исто така англиските медиуми најавуваат и голема чистка на Етихад почнувајќи од Јаја Туре.Тој нема добро искуство со Пеп Гвардиола откако по освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони со Барселона во 2009 година дозволи негов трансфер токму во Манчестер Сити

OhridNews