Ривалството и нетрпението меѓу градските ривали од Манчестер ќе добие нова димензија ако „граѓаните“ успеат во своите редови да го доведат Педро Родригез од Барселона кој е нескриена желба на „ѓаволите“.
Долго време се пишува за трансфер на Педро на Олд Трафорд, но во последен момент и Сити се уклучи во трката за фудбалерот кој не е задоволен од статусот на Ноу Камп.
Шпанскиот репрезентативец го постигна погодокот за победа на Барселона во дуелот со Севиља во Супер купот на Европа (5-4), но не се радуваше во прославата на титулата.
Цената за која Барселона ќе го ослободи Педро од обврските изнесува 30 милиони евра, а веќе „ѓаволите“ испратија понуда од 25 со дополнителни 5 милиони за одиграни натпревари и титули.
Ohridnews