Хрватскиот репрезентативец Марио Манџкукиќ е првата желба на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок, кој почнува за една недела.


„Граѓаните“ за неговите услуги подготвени се да платат 32 милиони евра што би заминале како оштетата Атлетико Мадрид.

Со ангажманот на Хрватот менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини би ги решил сите проблеми во нападот.

Два натпревари во низа „граѓаните“ играат без класичен откако повреди заработија Кун Агуеро и Един Џеко.

Манчестер Сити сезонава води мртва трка со Челси за титулата во Премиер лигата и Манџукиќ можеби бил пресудниот фактор поради искуството кое го има во Баерн Минхен, Волфзбург и Атлетико Мадрид.

Мх.П.