Екипата на Ливерпул е нов лидер на табелата во англиската Премиер лига. „Црвените“ го совладаа Бурнмаут со 4-0 и го искористија поразот на Манчестер Сити во дербито на колото со Челси (2-1) на Стемфорд Бриџ да се искачат на врвот од елитното друштво.

„Сините“ со организирана и храбра игра го фрлија на колена актуелниот шампион Манчестер Сити кој немаше пораз до пресметката во Лондон. Избраниците на италијанскиот стратег Маурицио Сари максимално ги искористија шансите и го нокаутираа составот на Сити предводен од Пеп Гвардиола. Резултатот во првото полувреме го отвори Канте кој погоди во 45-та минута, а водството го зголеми Давид Луиз со погодок во 78-та минута.

„Црвените“ од Енфилд полесно од очекувањата славеа над Бурнмаут 4-0. Ливерпул до триумфот дојде на крилата од Мо Салах кој постигна три од четирите погодоци. Четвртиот гол беше дело на Стив Кок кој сам си ја затреси мрежата.

Резултати: Бурнмаут – Ливерпул 0-4, Арсенал – Хадерсфилд 1-0, Барнли – Брајтон 1-0, Кардиф – Саутемптон 1-0, Мен Ју – Фулам 4-1, Вест Хем – Кристал Палас 3-2, Челси – Мен Сити 2-0, Лестер – Тотенхем.

Табела: Ливерпул 42, Мен Сити 41, Челси 34, Арсенал 34..

OhridNews