Лидерот на табелата во Премиер лигата, Манчестер Сити и менаџерот Пеп Гвардиола се повлекоа од трката за ангажманот на Алексис Санчез.
Фудбалерот на Арсенал и менаџерот Гвардиола и „граѓаните“ според англиските медиуми имале усмен договор кој Алексис Санчез не го испочитувал на стартот од зимскиот преоден рок.
Сите планови на Гвардиола ги поремети Манчестер Јунајтед кој активно се уклучи во борбата за потписот на чилеанскиот репрезентативец.
Но, „црвените ѓаволи“ добија нов конкурент во екипата на Челси која сериозно ги разгледува опции за купување на Алексис Санчез. „Сините“ ја изедначиле понудата на Манчестер Јунајтед, а исто така и Ливерпул понудил исто колку клубот од Олд Трафорд.
OhridNews