Екипата на Манчестер Сити ја забележа најубедливата победа на контролните натпревари кои синоќа се одиграа во Северна Америка. „Граѓаните“ со 4-1 го совладаа европскиот првак Реал Мадрид.
Шпанскиот вицепрвак Барселона со минимални 1-0 го совлада Манчестер Јунајтед, додека Јувентус со 3-2 славеше над Пари Сент Жермен.
Со одигрување на овие мечеви завршија подготовките за англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити и за Реал Мадрид кој ќе се насочи кон Супер купот на Европак кој ќе се одигра во Скопје на 8 август.
OhridNews