Во присуство на заменик градоначалничката на општина Охрид, Ана Крстеска, членот на Советот, Биљана Коталеска и други официјални лица и љубители на поетската реч, вчера во ЦОУ „Ванчо Николески” во Лескоец, со пригодна програма на учениците, започна традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески”.
Манифестацијата е во организација на Здружението за литература и култура “МАЦКОВО” од Охрид, а на овогодишното издание учествуваат млади поети и поетеси од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија.
Со свои творби, настапија дел од учесниците, кои, пред присутните го прочитаат специјалото Послание, испратено од претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска Давкова.
Таа им порача дека, во време на дигитализирано секојдневните, отуѓеност и летаргија, особено изразена кај младите, литературата продолжува да го буди духовното кај човекот.
Верувам дека, меѓу другото, вашиот камп испраќа и силна порака за разбирање и добрососедство. Младите македонски, албански, бугарски и српски поетски надежи, се иднината на Балканот, Европа и светот. Верувам дека токму нивните генерации ќе успеат да изградат човештво коешто ќе го живееме во слобода, мир, хармонија и благосостојба. Продолжете да бидете свои, слободни и љубопитни. Читајте, истражувајте, доживувајте и пишувајте, им напиша Сиљановска Давкова.
Беше прочитано и Посланието испратено во име на Светската Акаседемија на поезијата од Верона, од страна на поетот Мајо Даниловиќ, претседател на Одборот за словенскиот свет.
Тој им порача корисно и отворено другарување, како пофалба на широката и сеопфатна соработка на поетите, млади и пораснати, на овие наши балкански простори.

Денес ќе имаат прием и запознавање со дејноста на НУ – Библиотека “Григор Прличев”, една од најстарите и со најбогат книжевен фонд во Македонија и пошироко, а ќе псроследат предавање за животот и делото на “таткото на глобализацијата”, Михаило Пупин, што ќе го одржи најголемиот проучувач на овие простори, професор д-р Павле Митрески.
Вечерва учесниците ќе имаат можност да ги разгледааат најзначајните споменици на македонската исрторија, култура и писменост во старото градски јадро, додека во КИЦ “А.ден Долард” ќе проследат предавање за најплодниот холандски автор, меѓу другото и на култниот роман “Свадба во Охрид”, воедно и еден од првите промотори на Охрид во светот, во минатиот век.
Третиот и последен ден, утре, 23 августм манифестацијата се сели на теренот на општина Дебрца,одосно родното село на Николески, Црвена Вода.
Во Белчишта, седиштето на општината, прием за учесниците приредува градоначалникот на општина Дебрца, Златко Сиљаноски.
Манифестацијата се одржува со финансиска поддршка на општина Охрид и општина Дебрца.
OhridNews














