Англискиот шампион Челси ја забележа првата победа во новата сезона од Премиер лигата совладувајќи го тимот на Вест Бромвич Албион со 3-2.
Сјајна престава во дресот на „сините“ имаше новата аквизиција Педро Родригез, но сите заслуги за победата одат на сметка од голманот Тиб Куртоа. Белгискиот чувар на мрежата со одбранетиот удар од белата точка го најави блесокот на шпанскиот репрезентативец кој погоди за 1-0 и асистираше до Диего Коста за 2-0.
До крајот на полувремето домаќините намалија преку Морисон, но Аспликуета го врати двојното водство.
Од 55-та минута Челси играше со фудбалер помалку откако директен црвен картон му беше покажан на Џон Тери.
Екипата на ВБА бројчаната предност на теренот не ја искористи, само успеа да го ублажи поразот постигнувајќи еден погодок (3-2).
Резултати : ВБА – Челси 2-3, Евертон – Мен Сити, Ватфрод – Саутемптон.