Кривичниот суд во Скопје го одобрил обвинението на Специјалното јавно обвинителство – СЈО за случајот „Траекторија“ за кинеските кредити за изградба на автопатите Охрид – Кичево и Миладиновци – Штип. Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, ексвицепемиерот ВладимирПешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Според обвинението на СЈО, осомничените прифатиле поскапа понуда за изградба на автопатот Охрид – Кичево. Како доказ судот прифатил 315 прислушкувани разговори.
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево ја следат контроверзи од самиот почеток. Покрај високата цена, овој капитален проект има проблеми со трасата, која била несоодветно и нестручно одбрана со нецелосни истражувања на квалитетот на земјиштето, проблеми со експропријација на имоти, пропусти во плановите и изведбата, поради што ќе биде пробиен првичниот рок за завршување, јануари 2018 година, но и финансиската конструкција која веќе достигнува половина милијарда евра.
Судот го одобрил и обвинението за предметот „Тарифа“, за набавката на софтвер за ЕЛЕМ. вреден 4.092.420 евра.
OhridNews












