Специјалното јавно обвинителство соопшти дека поднело жалби на одлуките на Кривичниот суд Скопје 1, кој вчера потврди дека не го прифатил барањето за притвор на осомничените во случајот “Титаник”, за злосторничко здружување и изборни измами, јавува тв „Телма“.

Советот на основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, во рок од 48 часа по добивањето на жалбата треба да донесе одлука. 

Во случај, советот да одлучи да ја прифати жалбата на обвинителството и да им одреди притвор на осомничените, тие имаат 24 да поднесат жалба на таа одлука до повисока судска инстанца.

OhridNews